Поради градежните работи кои ќе се изведуваат во втората фаза, се предвидува затворање на улицата Орце Николов од раскрсницата со улица Ленинова (Аминта Трети, до раскрсницата со улицата Наум Наумовски Борче.
Во оваа фаза, улицата Аминта Трети останува двонасочна како и досега, а на останатите улици се задржува постојниот режим на сообраќај. Втората фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улиците 8 Март и Коле Неделковски поради слеп завршеток и немање можност за обезбедување пристап од друга страна.
Целосната реконструкција на Орце Николов е поделена во шест посебни фази, од кои секоја опфаќа посебен дел од улицата. Реконструкцијата ќе го опфати целиот потег кој е под надлежност на Општина Центар, од раскрсницата со булеварот Св. Климент Охридски до раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт., соопштија од Општина Центар.