Тој рече дека маските повеќе нема да бидат потребни на јавни места, додека собири до 500 луѓе може да се одржат на отворено, пренесува Ројтерс.
Ќе бидат дозволени и свадби со најмногу 200 лица.
– Ова значи дека го победивме третиот бран на пандемијата. До викендот ќе ја достигнеме бројката од пет милиони вакцинирани. Унгарија е побезбедна земја од другите. Дојде време да се збогуваме со маските, рече Орбан.
Унгарија е единствената земја во Европската унија што одобри употреба на руски и кинески вакцини во големи количини пред тие да бидат одобрени од Европската агенција за лекови.
Затоа Унгарија е меѓу водечките земји во Европската унија во однос на вакцинациите, бидејќи 50% од населението примило барем една доза од вакцината.
Владата отвори бројни активности и објекти, вклучувајќи пешачки патеки, ресторани, бањи, театри, спортски сали и спортски објекти.