Гувернерот на Луганската област Сергеј Гајдај изјавил дека сите магацини со храна во Северодоњецк се уништени и жителите можат да добијат храна само преку хуманитарна помош, објави Киев Индипендент.
Весникот пренесува и дека Гајдај, исто така, рекол оти руските сили уништиле неколку станбени згради во Рубижне и Новодружск во Луганската област.