Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во својата трета посета на Украина од почетокот на војната.

Француските медиуми наведуваат дека за време на посетата таа ќе разговара со украинските претставници за плановите на земјата за интеграција во Европската унија.

-Во Киев, во трета посета од почетокот на руската војна, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Претседателката на Европската комисија за време на престојот во Киев треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмигал.