Во саботата вечерта 6 возила од Македонија се оштетени во гратчето Переа, во близина на Солун, пренесува „Сител“. Од нив 3 возила се од Скопје, 2 од Прилеп и 1 возило од Битола.
Сопствениците, кои сакаа да останат анонимни, за телевизијата велат дека се крајно револтирани, затоа што иако ја повикале грчката полиција никој не дошол да изврши увид на лице место. Мештаните пак ги советувале за да не им се случуваат вакви работи да ја покриваат озната НМК на возилата.
Бараат за овој случај итна реакција од македонското МНР и упатување на протестна нота затоа што ова не е прв случај на оштетување на македонски возила во Грција ова лето. Претходно сличен инцидент со вандализам врз македонско возило имаше во петокот во Ханиоти.
Оштетените сопственици на возилата велат дека крајно време е да се престане со уништување на македонските возила во Грција и повикуваат државата конено да преземе нешто во врска со овие случаи. Исто така бараат од нашето МНР да им помогне каде да се обратат во Грција за да им се надмири штетата.
Повеќе фото на „Сител“