Поранешната лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи, која претходно беше од страна на воената хунта на шест години затвор, повторно е обвинета за корупција.

Како што јави Франс прес повикувајќи се на свои извори, против добитничката на Нобелова награда за мир во 1991 година, вчера се изречени пет нови точки од обвинение, пренесува Бета.

Според медиумите под контрола на воените власти, таа е обвинета дека и нанела финансиска загуба на државата со прекршување на прописите за набавка и купување на хеликоптери.

Поранешниот претседател Винсент Минт е обвинет по истите точки, велат изворите.

Седумдесет и шестгодишната Аунг Сан Су Ќи е во притвор од државниот удар на 1 февруари 2021 година, кога генералите ја соборија нејзината влада и ставија крај на една деценија од демократската транзиција во земјата.

Оттогаш, таа се соочи со низа тужби и судски постапки за наводни прекршување на законот за државни тајни од колонијалното време, изборни измами, немири, поттикнување јавни немири и друго.

Таа претходно беше осудена на шест години затвор и се соочува со неколку децении затвор доколку биде осудена по сите обвиненија.