Од списоците достапни на албанската Државна разузнавачка и антитерористичка служба, во Сирија сè уште се наоѓаат најмалку 44 албански државјани, од кои 20 мажи (10 од нив во затвор), како и 24 жени и деца, од кои седум жени и 17 деца.

Досега, 39 жени и деца се вратени во Албанија, кои заминале со своите сопрузи индоктринирани од самопрогласени имами, кои пропагирање вклучување во Исламска држава.

Последно од Сирија во Албанија деновиве е вратена Ева Думани (20), чиј татко загинал во војната како припадник на ИД. Кога пред осум години успеале да се вратат мајка и и брат и таа одбила, но потоа по неколку контакти со вујко и се согласила да се врати во Албанија. Била сместена во кампот “Алхол”.

– Иако со нецелосни податоци, списокот на убиени во Сирија е долг, вклучувајќи 30 мажи кои учествувале директно во борбите, тројца убиени во бомбардирањето, како и 15 жени и деца, од кои седум биле деца и осум жени, објави Топ чанел.

Во Албанија, правосудниот систем прогласи девет лица за виновни за регрутирање граѓани за учество и пропаганда за терористички цели, меѓу кои и самопрогласени имами.

Исто така по нивната репатријација од Сирија, Специјалното обвинителство, а потоа и Судот, осуди девет Албанки обвинети за учество во терористичка организација.

Неофицијалната бројка, што претходно ја пренесуваа албанските медиуми, во Сирија и Ирак на страната на џихадистите се бореле околу 150 албански државјани и оти најмалку 100 од нив се убиени.