Во рамките на овие донации УСЈЕ донираше апарат за анализа на крв од капилари за новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, со што ќе се подобри третманот на новороденчињата кои се раѓаат на оваа клиника. Покрај ова, донирана е и медицинска опрема со што му се дава конкретна поддршка на медицинскиот персонал кој работи посветено и во постојните услови на пандемија.

Компанијата целосно ја реновираше и заедничката службена просторија на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје.

Дополнително, УСЈЕ донираше и медицинска опрема и апарати и за Министерството за здравство, ГОБ 8-ми Септември, Универзитетската клиника за инфективни болести – Скопје, Универзитетската клиника за дерматовенерологија – Скопје, Универзитетската клиника за токсикологија – Скопје и за Специјалната болница за геријатрија и палијативна медицина.

Со овие донации компанијата му дава директна поддршка на медицинскиот персонал и на јавниот здравствен систем за непречено и безбедно работење во услови на пандемија, а преку дел од донациите се овозможува и подобрување на условите за лечење на пациентите.

Како општествено одговорна компанија, УСЈЕ од почеток на здравствената криза континуирано ја следи ситуацијата и им ја понуди својата поддршка на релевантните институции. Во услови на пандемија од исклучителна важност е заеднички да му се даде поддршка на јавното здравство и на целокупниот медицински персонал.

Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид 19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки. И во следниот период компанијата останува конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последици по здравјето на луѓето.