Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од „АстраЗенека“.
На почетокот на месецов, Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.
Од Атина, денеска за Албанија беа испратени 20.000 вакцини „Астра Зенека“, а утре наутро ќе пристигнат и во Скопје.