Утре со почеток од 10: 30 минути новинарите со протестен марш од пред Владата до Собранието на Р. М .

Од ЗНМ И ССНМ ќе го изразат незадоволството од нападите вез новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, а воедно ќе бодат доставени и неколку барања до Владата и Собарнието.

Драги колешки и колеги, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува сите медиумски професионалци на протестен марш во петок (17.02) кој ќе почне од Владата на РСМ до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба, велат од двете здуженија.

На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието.

– Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање

– Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите

– Крај на агресивниот државен пи-ар – Поддршка за локалните новинари и медиуми

– Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници

– Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници