Утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени, соопшти УХМР.
Од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст и до петок ќе достигне 28 степени.