Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток.

Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд.

Во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, a на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса во текот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Во петок за време на неработниот ден во земјава ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено претпладне.

Во сабота времето ќе биде утрото постудено, преку денот сончево со мала облачност.