Баргала подели 100 тина отказни решенија, а нивниот зет сѐ уште тврди дека неговите штипјани се „Во сигурни раце“, ова денеска како реакција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-После оставањето на 100тина семејства без егзистенција и нивно отпуштање од Баргала, слободно можеме да кажеме дека лицемерето кое излегува од устата на Градоначалникот е најлош облик на лага и манипулација кои сме ги виделе до сега. Ако институциите во најкраток рок не превземат итни мерки и најстрога казна против овој дискриминаторски и робовладетелски однос, кој Барзови го аплицираат врз сиромашниот работник, ќе се докаже дека токму градоначалникот на Општина Штип е раката која го штити ова експлоататорско семејство, велат од партијата.

Од таму додаваат дека или, „мојата Баргала“ е само за шоу-бизнис емисии, а кога имаме една ваква ситуација, тогаш Баргала станува компанија во кога Градоначалникот нема никакво влијание?