Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж Повардарието и кон исток ќе засилува и ќе достигнува и до 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од 4 до 13 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје,слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засолен северозападен ветер. Утре минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во деновите до крајот на работната недела ќе преовладува стабилно и суво време, повремено со подолги сончеви периоди. Наутро ќе биде студено, а на средината на неделата понекаде утринска температура ќе биде пониска од -10 степени.