Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).

Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во сабота претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места каде ќе се формира помала снежна покривка, соопшти УХМР.

Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и магла по котлините.