Утрово најниска температура од -2 степени е измерена на Попова Шапка. Следат со -1 Лазарополе, 0 во Маврови Анови и Крушево, 1 Берово, 2 Крива Паланка и Претор, 3 Прилеп и Охрид, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Тетово и Дебар, 5 Битола, Гевгелија, Виница, 6 Куманово, Дојран и 8 степени во Демир Капија и Штип.
Најмногу наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот е регистриран во Тетово 8 литри на м2, потоа 7 Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Крушево, 4 Пожаране, Претор, Дебар, 3 Скопје-Зајчев Рид и 2 литри на м2 во Лазарополе.
На Попова Шапка во 7 часот висината на снежната покривка била 6 сантиментри, 3 во Крушево и по 1 сантиметар во Лазарополе и Маврови Анови.
Времето денеска претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој во вечерните часови ќе се засили и ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне 9 степени.