Голема чест и моја лична гордост е да се биде кандидат за Градоначалник на општина Валандово, предложен од најголемата политичка партија ВМРО ДПМНЕ, вели Тони Узунов.

-Воедно со тоа уште поголеми се обврската и вербата во победа, изградена врз основа на конкретна визија за иднината, која ќе се гради со правилен распоред на приоритети и искористување на сите ресурси во насока на подобро општествено живеење. Со чесен пристап и работа, со искуство и знаење ќе покажеме како треба да ја развиваме нашата мала, но многу убава општина.

Валандово ќе биде општина за сите луѓе, па затоа барам подршка од сите Вас, да ја постигнеме оваа цел и да се вклучите во креирањето на нашата иднина, пишува тој на Фејсбук.