Вчера околу 09.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на железничката пруга Скопје-Куманово, во с.Романовце, вагони од товарен воз излетале од пругата.
Повредени лица нема. По наредба на Јавен обвинител извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.