Интервјуто се однесува на состојба до почетокот на март
Интервјуто на европратеникот Томас Вајц за бугарска телевизија, во кое се зборува за состојбата со реформите, е дадено пред седум недели и го отсликува периодот до почетокот на март.
Во изјава за Канал 5, Вајц посочува дека во меѓувреме земјава бележи напредок и дека има дополнително време да ги исполни обврските од реформската агенда до јуни.
Осврт и на извештајот за Македонија
Во интервјуто, кое во целост треба да биде објавено наредниот ден, Вајц се осврнува и на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент.
Тој зборува и за амандманот што го поднел, со кој треба да се направи јасна дистинкција дали протоколот потпишан со Бугарија е дел од преговарачката рамка на земјава.
Во продолжение, Канал 5 објавува дел од разговорот што го водел новинарот Јован Ѓорговски со европратеникот.
Извор: Канал5
