Кога станува збор за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, научниците од Европската агенција за лекови (ЕМА) оценија дека придобивките се поголеми од ризиците. Слични случаи на тромбоза, ретки, но опасни по живот, претходно се случија со вакцината на „АстраЗенека“.
ЕМА ги анализираше податоците од САД, каде над седум милиони граѓани веќе ја примиле вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Американските служби регистрираа осум случаи на необична тромбоза, кои се поврзани со нарушување на црвените крвни зрнца, од кои едниот беше фатален. Во повеќето случаи, станува збор за жени на возраст под шеесет години, што е, исто така, слично на несаканите ефекти забележани со вакцината на „АстраЗенека“.
-Постои врска помеѓу вакцинацијата и појавата на овие ретки случаи на тромбоза, објасни Сабин Штраус, претседателка на безбедносниот комитет на Европската агенција за лекови.
Затоа, содржината на упатството за употреба ќе биде дополнета. Неопходно е да се посочи проблемот, така што лекарите ќе бидат подготвени за можни симптоми.
Сепак, сè уште е нејасно зошто и како се појавуваат несакани ефекти и во кои групи.
Европската унија нарача само 55 милиони од вакцината на „Џонсон и Џонсон“.