Истражувањето е објавено во „American Journal of Infection Control“ и во него се вклучени 27.201 лица тестирани на Ковид-19 до јули 2020 година. Од оваа бројка, 1.218 лица биле позитивни, а кога примероците биле поделени на оние кои примиле вакцина против грип и на оние кои не ја примениле, забележана е јасна разлика, пишува „Iflscience.com“.
Меѓу вакцинираните против грип, 4 проценти биле позитивни на Ковид-19, а учеството на оние кои не биле вакцинирани е поголемо – 4,9 проценти. Разликата е мала во апсолутна смисла, но прилично голема во релативна смисла, односно овој процент значи дека вакцинираните пациенти имале 24% помал ризик да добијат вирус на корона. Исто така, се покажа дека оние кои примиле вакцина против грип, имаат помала веројатност да имаат потреба од хоспитализација.
Во оваа фаза, сè уште не е јасно дали причината за оваа врска е биолошка по природа, односно дали вакцината против грип на некој начин го подготвува имунитетниот систем да се бори против други видови вируси или е тоа социјален фактор.
– Можно е пациентите кои примаат вакцина против грип да бидат и лица кои практикуваат поголема физичка дистанца и го следат советот на лекарите. Сепак, исто така е веројатно дека може да има директен биолошки ефект на вакцината против грип врз имунитетниот систем релевантен за борбата против вирусот САРС-КоВ-2, рече професорката Марион Хофман Боман од кардиоваскуларниот центар Мичиген Медицин Франкел.
Ова истражување покажува дека вакцината против грип доведува до подобри здравствени резултати кога станува збор за пандемии.
– Одлично е кога можеме да им обезбедиме на здравствените работници друга алатка за охрабрување на пациентите да користат достапни, ефективни и безбедни методи на имунизација, додаде коавторот на студијата, професорот Кармел Ашур од истиот медицински центар.
Претходните истражувања исто така покажаа позитивна врска помеѓу вакцината против грип и превенцијата од срцев удар и хоспитализацијата поради срцева слабост.