Омикрон варијанта на коронавирусот може да доведе до повеќе инфекции кај вакцинираните луѓе, но тие најверојатно ќе останат заштитени од тешка форма на болеста, вели Угур Сахин, ко-основач на BioNTech, научник и пронаоѓач на една од првите вакцини за ковид-19.
Иако новата варијанта би можела да ги заобиколи антитела произведени како одговор на вакцината, вирусот најверојатно ќе остане ранлив на имунизацијата, т.н. Т-клетките кои го уништуваат откако ќе влезе во телото, рече Сахин, објави The Wall Street Journal .
Нашата порака е: Не паничете, планот останува ист, забрзајте ја примената на третата дополнителна вакцина“, рече Сахин во интервјуто во вторникот.
The CEO of BioNTech says the current generation of Covid-19 vaccines will probably still protect against severe disease in people infected by the omicron variant https://t.co/uK6lKiWMvU
— Bloomberg (@business) November 30, 2021