Целта на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, беше да бидат дадени 100 милиони вакцини во првите 100 дена од Владата, пишува Гласот на Америка.
– Ве молам, не го уништувајте овој напредок за кој толку напорно работевме и се боревме. Сите мора да бидете внимателни, рече Бајден.
Претседателот претходно најави дека има намера да ја забрза дистрибуцијата на вакцините, така што 90 проценти од возрасните ќе бидат вакцинирани до 19 април, а остатокот до 1 мај.
Бидејќи во некои делови од САД сè уште има голем број на лица заразени со коронавирусот, Бајден и директорката на Центрите за контрола и превенција на болести, Рошел Валеск, пред новинарите изјавија дека ограничувањата никако не треба да се релаксираат.
Бајден предупредува дека ќе настапи четврти бран доколку состојбата продолжи исто.
Во светски рамки, 130 милиони луѓе се потврдени на коронавирус, додека пак 2,8 милиони луѓе починаа. САД се уште се во „предност“ со 30,6 милиони заразени и над 554 илјади починати лица.