Засега најави има од Грција, која на 14 мај ќе ја отвори границата за Македонци за кои ќе биде дозволен влезот доколку имаат потврда за примени вакцини или негативен ПЦР-тест за Ковид-19,пишуваат од Денар.мк 

-Нема форма на вакцинален пасош, има потврди кои се прифаќаат од земјите во регионот. Тие се спремни и од следната недела ќе се издаваат. Тоа се посебни потврди на кои има код кој ги дава податоците за вакцинацијата. Засега информациите се дека за влез во Грција освен таа потврда алтернатива е негативен ПЦР, но не сам по себе и позитивен наод на ИГГ антитела, рече министерот Филипче.

Потврдите за примени вакцини ќе се издаваат и ретроактивно, на сите што ги примиле двете дози од вакцината за заштита од Ковид-19.

Тие, според досегашните најави, се неопходни за влез во Грција, а влезот во останатите земји од ЕУ за нашите граѓни е условен со негативен ПЦР-тест.