Во студијата во која учествувале 3.700 млади луѓе на возраст од 12 до 18 години, немало симптоматски случаи на Ковид-19 меѓу оние кои примиле две дози од вакцината. Со оглед на тоа што меѓу децата и адолесцентите и онака има помалку случаи, истражувачите биле водени од дефиницијата на Американскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ), која вклучува и поблаги случаи. Применувајќи ја дефиницијата на ЦДЦ за само еден симптом плус позитивен ковид-тест, истражувачите од Модерна регистрирале 93 проценти ефикасност после една доза.

Компанијата соопшти дека немало сериозни несакани ефекти. Регистрирани се болка во раката, главоболка, замор и треска по втората доза. Сите оние кои учествувале во истражувањето ќе бидат следени во следните 12 месеци за да се обезбеди дека нема долгорочни ефекти.