Надземниот пешачки премин „Влајко“ во скопската населба Влае привремено е затворен за користење поради материјална штета. Општина Карпош информира дека преминот ќе биде повторно отворен откако ќе заврши санацијата.

Од Општината соопштија дека затворањето е неопходно поради можноста граѓаните да се повредат.

„Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење“, соопшти Општина Карпош.

Надлежните најавија дека пешачкиот премин повторно ќе биде ставен во функција по завршувањето на поправките. Јавноста дополнително ќе биде известена кога ќе биде отворен.