Во последната минута Њокас промаши ѕицер но тоа значеше нов напад за Вардарци. Страшниот меч го зачини Борко Ристовски кој беше играч на натпреварот.
Вардар го сруши вицешампионот на Европа 29-28 и сега е на прво место во групата. Браво Вардарци, и нов Фајн Фор не е недостижен.
На 10 минути до крајот Вардар влезе со предност 27:24. Тука Ристовски имаше обид од гол на гол по еден одбранет удар, но за жал за малку беше непрецизен. Во самиот финиш од натпреварот на три минути до крајот Алборг со навистина три лесни голаа дојде до намалување еден гол заостанување 29:28. Следниот напад Вардар одново не го реализираше, Алборг доби прилика да изедначи. Но, на голот повторно беше Ристовски кој ја запиша 15. одбрана на натпреварот.
На минута ипол до крајот Вардар имаше гол предност и напад за два разлика. И тогаш Оливие Њокас се издигна со нов шут од далечина и Вардар дојде до 30:28. До крајот Борко запиша и уште една одбрана.
После оваа победа Вардар ќе скокне од четвртото место на првото во групата.