Деловничкото право на процедурална забелешка на пратениците е ускратено со работењето вон деловникот со кое владеачкото мнозинство го злоупотребува правото на народните претставници за да ја замолкне опозицијата да ги аргументира и да се бори за легитимните и издржани аргументи кои се одраз на сеопштиот впечаток и на општествениот хаос кој секојдневно го наметнуваат и зголемуваат, оние кои ги плаќаме да се грижат за општото добро на сите македонски граѓани, ова денеска го истакна Иванка Василевска од собраниската говорница.

-Со насилното прекинување на правото на пратениците за процедуралните забелешки и со грубото прекршување и злоупотребата на Деловникот, владејачкото мнозинство денес уште еднаш во низата на случаи употреби Деловничко насилие и со тоа ги загрози темелните човекови слободи и права загарантирани со Уставот. По речиси пет месеци од одржаната јавна расправа по предлог на Министерството за образование и наука на Концепт за основно образование, Собранието се уште ги нема усвоено Заклучоците од истата. За владата предводена од СДСМ и за министерката Царовска гласот на академската и стручната јавност, се комплетно неважни, за нив единствено е важно насила да протуркаат реформа која е штетна, која е неуставна и која има за цел да ги вдоми партиските кадри, да спроведе комплетна партизација во образовниот систем и да инсталира надворешни нарачки за сметка на националните и државните интереси на македонските граѓани, потенцира Василевска.

Таа додава дека реформите кои тие сакаат да ги прикажат како револуционерни и атрактивни се всушност гол популизам зад истиот се кријат намерите за злоупотреба на 21.5 милиони евра заем од Светската банка, а тоа се пари кои ќе ги плаќаме сите вклучително и идните генерации, кои всушност ќе ја плаќаат сопствената национална и државна смрт.

-Го повикуваме МОН да престане да врши терор врз неистомислениците и во исто време ги повикуваме сите медиуми и целокупната домашна јавност будно да ги следат случувањата на собраниската комисија за да се уверат во погореизнесените апели за однесувањето на владеачкото мнозинство и претседателката Лазаревска со опозицијата. Собранието е на Македонија, а Македонија е на сите луѓе, додава таа.