Во координација со Министерството за внатрешни работи, а со цел обезбедување побезбеден и поефикасен протокол за влез на концертот на David Guetta: The Monolith Show, по повод 35 години независност, ве информираме дека секој кој има купено влезница за концертот потребно е истата да ја замени за соодветна нараквица.
Замената на влезниците за нараквици ќе се одвива во Градски парк – Вембли во Скопје, во специјално поставени куќарки, според следниот распоред:
* 4 септември: 16:00 – 20:00 часот
* 5 септември: 12:00 – 20:00 часот
* 6 септември: 12:00 – 20:00 часот
* 7 септември: 12:00 – 20:00 часот
При замената, задолжително понесете ја влезницата што сте ја купиле, во физичка или електронска форма, како и лична карта или документ за идентификација на лицето кое ќе ја носи нараквицата.
ВАЖНО:
Нараквицата ќе биде ставена директно на раката на лицето кое ќе го посетува концертот. Нараквицата не може да биде преземена од едно лице, а потоа дадена на друго лице.
Откако ќе биде ставена, нараквицата мора да се чува до денот на концертот и не смее да се отстранува, оштетува или модифицира. Во случај на оштетување или отстранување на нараквицата, нема да биде возможно добивање нова нараквица и нема да биде дозволен влез на концертот.
Единствениот начин за влез на концертот на 8 септември е да имате исправна нараквица на раката. Влезницата повеќе нема да биде доволна за влез на самиот концерт.
По извршената замена, оригиналната влезница автоматски ќе биде блокиран и истиот повеќе нема да може да се користи за влез на концертот или за повторна замена на нараквица.
Доколку имате влезница за нумерирана трибина, задолжително зачувајте ја влезницата и по замената. Местата на трибините се нумерирани, па влезницата ќе ви биде потребна за да можете да го пронајдете и користите вашето резервирано место.
