На прашањето дали очекува институциите да ја следат, истражуваат и гонат корупцијата со новите назначувања на „црната листа“, Агелер вели дека народот тоа го заслужува, а и тоа треба да го бара.
Вашите деловни партнери во оваа земја или на друго место ќе влијаат на вас и на вашето семејство. Анџела Агелер, амбасадорката на САД, изјави за Телма во врска со проширувањето на американската „црна листа“ со балкански имиња, поради корупција и дела кои и помогнаа на Русија
Во образложението на американската „црна листа“ во врска со назначувањето на црногорскиот бизнисмен Дака Давидовиќ беа наведени и имињата на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.
„Како амбасадор на САД во Македонија, јас се фокусирам на земјата. Сепак, корупцијата се прошири низ државите и тоа се потврдува со назначувањата што ги забележавме. Има многу врски на Балканот, како што видовме со именувањата овде, но една од најважните поенти што ги посочивме минатиот четврток кога ги објавивме назначувањата беше дека вашите деловни партнери може и ќе влијаат врз вас, вклучувајќи го и вашето семејство.
Кога назначуваме корумпирани луѓе во оваа земја, секој граѓанин и пријател со кој разговарам одговара „се разбира.“ Затоа што граѓаните ги знаат корумпираните лица во земјата. Се надевам дека институциите ќе преземат нешто во овие случаи, затоа што луѓето во оваа земја заслужуваат оваа корупција да биде следена, испитувана и кривично гонета.
САД минатата недела на „црната листа“ ги додадоа Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на Јордан Орце Камчев. Сега се заедно со Јордан Орце Камчев, Рамиз Мерко, Никола Груевски и Сашо Мијалков.
На списокот се и компаниите „Систина лајф кер“, „Орка холдинг“, „Бет сити“, „Орка фајнанс“ и „Камчев консалтинг“.