Се враќаат пари за скенираните сметки во првото тромесечје односно во јануари, февруари и март.
Во ова тромесечје граѓаните скенирале 67.255. 511 фискални сметки, а прометот изнесува 32.434.528.850 денари. Од УЈП информираат дека на сите ќе им се исплати 403, 5 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.
-Граѓаните може да се информираат на своите кориснички профили на Е-ПДД за тоа до каде им е исплатата од МојДДВ за соодветното тримесечје, односно дали и кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е во ред или е погрешна и како истата да ја коригираат за да се реализира исплатата, велат од УЈП.
Инаку во февруари имаше граѓани кои добија поврат по два пати. Дел од нив ги вратиле парите, на останатите ќе им биде задржан износот сега.
-Граѓаните на кои во февруари им се исплати поголем износ, ги вратија уплатените средства, а на оние граѓани кои не ги вратија ќе им биде задржан износот за поврат кој го очекуваат се` до целосна наплата на повеќе исплатениот износ, велат од УЈП.