Изминатото деноноќие имало 1.690 повици кон Единствениот број за итни случаи 112, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
– „Реални“ повици за итни случаи имало 45,09 отсто, а 54,91 проценти биле „неитни повици“, односно за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, велат од ЦУК.
Кон Полицијата биле упатени 26,55 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 26,84 отсто, кон пожарникарите 5,01 проценти, а кон АМСМ 0,59 отсто.