Соочена со, како што го нарече премиерот Борис Џонсон „цунами“ на варијантата омикрон, поради што стравува од преоптоварување на здравствениот систем. Британија е меѓу најтешко погодените од пандемијата во светот, со вкупно 147.048 смртни случаи, од кои денеска се пријавени 111.
Англија воведе повторно задолжително носење маски на повеќето јавни места (освен пабови и ресторани), препорача работа од далечина и воведе ковид сертификат за поголеми собири. Шкотска и Велс се одлучија за построги мерки.