Таа вечерва на својот фејбук профил го објавува пратеничкото прашање кое на 18 мај му го поставила на премиерот Зоран Заев: Според кои критериуми Владата одлучи за Национален координатор за одржлив развој на Преспанскиот регион да го именува Горјан Тозија?
„Наместо ОЈО и институциите на системот да дејствуваат во однос на неговото незаконско работење и утврдената злоупотреба на службената положба од страна на ДКСК за време на неговиот мандат како директор на Агенцијата за филм, Владата одлучи да го награди Тозија! Така сега на контроверзниот, а сега веќе и пензионер, Тозија му се дадени на менаџирање милиони евра од европски фондови, а знаеме како Тозија „совршено“ знае да менаџира милиони! И, да потсетиме тоа е истиот Тозија кој како државен функционер предизвика невиден меѓународен и дипломатски скандал со Хрватска, земја членка на ЕУ“, пишува Велика Серафимовска н својот фејсбук профил.