Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 29.07.2021 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од З.Т. од Скопје и го напуштило местото на незгодата, информира МВР.