Градежната фирма на Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, пред повеќе од една недела станала нов сопственик на „Бојана БС Панел“, претпријатие кое дотогаш било во сопственост на некогашниот градоначалник од СДСМ Боро Стојчев, познат како Боро Малборо поради шверцот со цигари за време на функцијата, за што и беше осуден.
Како што пренесува „Фактор“, десетина дена пред превземањето од страна на „Тотал Инженеринг“ на Заев, „Бојана БС Панел“ стана сопственик на местото на Стојчев на фирмата за производство на електрична енергија „Бојана Енерџи“. Седиштето на двете фирми е во Ново Коњарево во рамки на општината која што ја предводеше Стојчев.
„Бојана Енерџи“, претпријатие за производство на електрична енергија, беше основано од страна на Стојчев и второ физичко лице во март минатата година.