На средбата Груби, како што соопшти неговиот Кабинет, истакна дека денес се чувствува почестен што во посета на нашата земја е поранешниот врховен командант на НАТО и голем пријател на нашата земја – генералот кој ја водеше мисијата што го заврши болното поглавје од историјата на балканските земји.

Груби и Кларк разговараа и за политичката и безбедносната состојба во земјата и регионот, како и напредокот и достигнувањата што земјата ги има направено низ годините, станувајќи пример за земјите од регионот во однос на мирот, стабилноста и напредокот.

– Република Северна Македонија како земја-членка на НАТО веќе придонесува во мировните мисии во странство, додека предизвикот на овој пат е благодарение на поддршката и пријателството со Соединетите Американски Држави и заемниот придонес, со што сме благодарни за патот што го следат слободните и демократски нации во светот, рече првиот вицепремиер.

Од друга страна, Кларк изјави дека нема да недостасува поддршката за целите на Владата за економски развој и социјален просперитет, додавајќи дека Република Северна Македонија е една од пријателските земји на Соединетите Американски Држави во Европа и симбол на одлучност во демократскиот свет, информира Кабинетот на првиот вицепремиер Груби.