Министерот за дигитализација Стефан Андоновски утрово гостуваше на Радио Лидер.

Во владина постапка е измена на законот за електронско управување којшто воведува за првпат единствен електронски број на граѓанинот. Ние веќе го имаме развиено по наш правилник за сите корисници на порталот што значи дека 250.000 броеви веќе имаме, започнува министерот.

Тој информира за што станува збор и дека секој кој е корисник на порталот uslugi.gov.mk веќе ја има таа ознака.

Граѓаните не ни знаат. Не знаев ни јас пред доаѓањето на позицијата. Освен матичниот број имаме и едно бројче кое е алфа нумеричка ознака без карактеристики. Кога ќе видам тоа бројче не знам дали станува збор за машко, женско, кога и каде е родено. Секој кој е корисник на порталот uslugi.gov.mk има такво бројче и сега тоа го ставаме во закон и ќе го генерираме за сите граѓани. Тоа ќе биде вашиот контакт со државата, вели Стефан Андоновски.

Тој направи паралела со хрватскиот модел.

Хрватскиот модел е многу добар се користеле и двата броја и матичниот и дополнителниот. Со текот на времето матичниот број се тргнува матичниот број од користење. Зошто? Затоа што дава многу информации. Во матичниот број точно знаете кој и каде е роден, кој е негов пол. Знаете премногу лични податоци. А овој број, единствениот електронски број ги нема овие податоци. Само централниот регистар знае кој број на кое лице е соодветен, заклучува Андоновски.

Погледнете ја целата емисија.