Ова за неа е шеста олимпијада во кариерата. Таа ќе стане најстарата спортистка на Олимписките игри во 2021 година, а веројатно и единствената баба на три внучиња што учествувала на игрите. Хана ќе го јава Каланта, коњот на нејзиниот сопруг Роберт.
Хана има две деца, Александрија и Гити и три внуци, а четвртото е на пат. Нејзиното четврто внуче треба да се роди за неколку недели. За тоа време, таа нема да биде во Токио и може да биде сведок на овој посебен момент.
И покрај тоа што е легенда во спортот, Хана не освоила олимписки медал.
„Апсолутно сум воодушевена што сум избрана за мојата шеста Олимпијада“, рече Хана за „Horse and Hound“. Беше навистина време за тестирање на сите со толку многу предизвици… нешто како одење по јаже за да се стигне досега, и сигурна сум дека тоа беше исто и за моите колеги членови на тимот. И покрај ова, јас сум многу горда што им се придружив на Кели Лејн и Симон Пирс за да ја претставувам Австралија и сигурна сум дека заедно ќе направиме одличен тим“.