Градоначалникот вели дека не е доцна за ниту една постапка, но обвини и дека одредени институции не соработуваат со нив.
– Не е доцна бидејќи ние со сите институции започнавме одредени постапки. Ние како општина Центар, во нашиот домен донесовме одлука, прво беше за запирање на спроведување на детални урбанистички планови по првото решение со кое што ни беше укинат тогашниот мораториум, донесовме нова одлука на начин на којшто ќе се спроведуваат деталните урбанистички планови, но паралелно теравме процеси за секоја локација/земјиште кое што било продадено/дооформено и.т.н. И веќе за некои имавме резултати, истакна Богдановиќ.
Тој вели дека општината поништила неколку правосилни решенија откако ги добиле дел од предметите за продадено државно земјиште како што се Шпански скали, Катната гаража како и хотелите под Кале.
– Очигледно од сите предмети коишто ги поднесовме, а што не можеме ние да донесеме одредена одлука или решение, одредени институции не постапуваа и само слушаме префрлување на топка во институциите, посебно кај оние што се занимаваат со истражување на корупција, криминал…, порача градоначалникот.