Едно лице загина, а осумнаесет лица  се повредени во масовната тепачка во Казанлак, Бугарија. Една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба, пренесува Фокус.

Инцидентот се случил попладнево на пазарот во градот. Група мажи од ромска националност се степале со секири и со мотики, на паркингот зад кооперативниот пазар.

До тепачката дошло поради тоа што две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале стара семејна расправија. Се сретнале на судење, се виделе, па така започнала тепачката која завршила крваво.