Кошаркарски натпревар до 14 години заврши под окото на пошироката спортска јавност кога бугарските кошаркари до 14 години откако губеа на 4 минути пред крајот решија да го напуштат теренот.

Имено, наместо фестивал на кошарката под мотото „Заедно до 16“, синоќа на отворањето на турнироте ФИБА YDT во Скопје, за малку ќе имаше прекин на еден од натпреварите и тоа оној на машката кошаркарска селекција на Македонија.

На дуелот Македонија – Бугарија за играчи до 14 години, гостите во самата завршница на средбата (на околу 4 минути пред крајот) незадоволни од судењето решија да се повлечат од теренот по инструкции на селекторот на бугарската репрезентација. На прекинот му „пресуди“ серија до 10:0 на нашата селекција, која го презема водството и очигледно го навлече гневот кај гостинскиот селектор.

По цели 20 минути, Бугарите на крајот се вратија да го доиграат мечот. Во продолжение погледнете го видеото!