Кaндидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски, прави циркус од вечерашната дебата на ТВ24 каде што свое изборно претставување имаат тројцата кандидати за градоначалници

Ги посоли со вегета своите противкандидати, да замезеле со парите што ги украле, седеше со знамето од Вергина.

„Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета“, изјави тој.

Нудеше снимка од забите и резултати од анализа на крвта за докторите кандидати да му ги провереле, затоа што то им била работата. Неговата работа била да менаџира затоа што за тоа учел во Америка.