И Македонија треба да има мерки поради новиот корона сој, да ги затвори границите на неколку недели за да се успори инвазијата на „омикрон“, вели д-р Драган Даниловски, за Канал 5
Тој во разговор за Канал 5 појаснува оти овој сој нема да можеме да го спречиме да влезе и кај нас бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.
Според Д-р Даниловски Македонија треба да го следи примерот на Израел. Оваа земја ги стопираше воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци.
Целиот разговор со професорот Даниловски погледнете го во видеото.