Претседателот на Социјалистичка партија на Македонија, Љупчо Димовски и првиот човек на Движење на Турците, Ердоган Сарач со јавна поддршка за Ацо Ристов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Радовиш.
-Ве повикувам сите да ја потврдиме големата победа за Радовиш и големата победа за Македонија. Ги повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на СПМ, својот глас повторно да го дадат за Ацо Ристов, истакна Димовски.
-Ацо Ристов е човекот кој точно знае во која насока треба да се движи мултиетничката интеграција и како успешно да продолжи традиционалниот соживот во Радовиш, истакна Сарач.