Една дива свиња е снимена како плива во Охридското Езеро близу брегот кај Пештани, а на снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види дека таа ужива во есенското капење, на раат од туристите кои цело лето ги полнеа охридските плажи.

Дивата свиња е многу издржливо животно и одличен пливач, па може да плива со километри. Пештанскиот пливач веројатно е мажјак-нерез, вепар кој живее осамен и не се приклучува кон крдата, освен во периодот на парењето.