Музичари, спортисти, јавни личности – скоро цела македонска естрада ја собраа Андреј и Панчо за новата песна посветена на македонските фудбалери и нивниот престоен настап на Европското првенство.

Нумерата насловена „Македонија на Европско“ е илустрирана со видеозапис на кој се појавуваат голем број познати имиња од македонскиот спорт и естраден живот, како и македонските фудбалски репрезентативци, кои на 13 јуни против Австрија во Букурешт го играат дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања.

– Им посветивме песна на фудбалерите, кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација, истакна во објавата по повод новата навивачка нумера. Владимир Блажев – Панчо и Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“.

„Македонија на Европско“ е дело на Панчо и Лазар Цветковски.