Корисник на социјалната мрежа Инстаграм утринава објави вознемирувачко видео на кое, како што тврди, ја убива сопругата. Вистинската драма се одвивала во областа Градачац во Босна и Херцеговина, а во тек е потрагата по мажот за кој се сомничи дека ја убил сопругата.
„Потерата е во тек. Специјалците се на терен“, соопштија кусо од МУП.
Полицијата во моментов трага по мажот, а сите активности ги спроведува во соработка со Кантоналното обвинителство во Тузла. Од оваа судска институција до сега не соопштиле информации за случајот во Градачац, наведувајќи дека се утврдуваат сите детали.
Човекот кој денеска ја застрела сопругата во Градачац и емитуваше видео во живо на Инстаграм, е всушност Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес тренер кој веќе и е познат на полицијата.