Две лица се здобиле со полесни повреди во судир меѓу два авиона на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами, САД, што се случил во текот на изминатата ноќ.

Во инцидентот учествувале товарен „Боинг 767“ на американската компанија „Ју-Пи-Ес“ и патнички „Боинг 737“ на панамската авиокомпанија „Копа ерлајнс“, објави Си-Би-Ес.

Директорот за комуникации на аеродромот во Мајами, Грег Чин, изјави дека судирот се случил околу 21:15 часот, на пресекот на две патеки за движење на авионите.

„Авион што слетувал и авион што се подготвувал за полетување се судрија на пресекот на две патеки“, изјави Чин.