Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза

 

Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа.

Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29.

Кузмановски го предводеше македонскиот тим со 15 голови, на спротвнатa страна се истакна Кошта со 11 погодоци.

Нашите ракометари уште имаат шанса за пласман во следната фаза на Европското ракометно првенство. На Македонската репрезентација ѝ претстои натпреварот со Романија кој ќе се одигра на 20-ти јануари.

Тоа ќе биде последниот натпревар за Македонија од групната фаза.